Слоган на коалиција се доведува во корелација со дневна статистика на заболени од Ковид 19

18.07.2020 19:44 | KumanovoNews

 Пишува Убавка Јаневска

Слоган на коалиција се доведува во корелација со дневна статистика на заболени од Ковид 19

Реценцираме вест објавена на 17 јули, годинава, на порталот Денешен весник со наслов „Можеме“ во изминатите 24 часа: Пет починати, 164 позитивни од 1612 тестови?

Се остава впечаток дека победничката изборна коалиција „Можеме“, на штотуку завршените Парламентарни избори во државата, на некаков начин се поврзува со дневна статистика за состојбата со бројот на починати и новозаболени граѓани во државата како и со бројот на направени 1612 тестови со Ковид-19.

Коалицијата „Можеме“ нема никаква поврзаност со оваа проблематика. Дневните извештаи ги подготвуваат и објавуваат здравствените институции конкретно Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје. Тие за нивната транспарентнa работа веќе ги добија оценките на Канцеларијата на Светската здравствена организација во земјава кои гласат: Северна Македонија е меѓу земјите кои се најтранспарентни во споделувањето на националните бројки и статистиките.

Конкретно, во посочениот наслов, за објективно информирање на граѓаните потребно е порталот да ја соопши и бројката од 74 оздравени пациенти што ја содржи текстот во вториот пасус.

Вака објавен наслов на читателите им прикажува само половична, наместо целосна слика на состојбата за најзначајната тема од јавен интерес.

Од почетокот на епидемијата со коронавирус во државата ваков пристап во начинот на информирање на граѓаните е забележан како во дел од онлајн медиумите така и во вестите на дел од телевизиите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk