Ќе се реконструира фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово
Министерот за спорт Борко Ристовски, денеска изврши увид во почетокот на градежните работи на фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово.
Министерот за спорт Борко Ристовски, денеска изврши увид во почетокот на градежните работи на фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово.
На тениските терени кај спортската сала во Куманово веќе трет ден се одржува Меѓународниот турнир „Tennis Europe“ во организација на тенискиот клуб „Тумба“ од Куманово.
Алексеј Стојановски од ТК „Тумба“ од Куманово е победник на Отвореното првенство во тенис на Македонија за јуниори до 18 години, кое викендов се одржа на терените на ТК „Поинтер“ во Скопје.
Екипата на ЗСРРК „Пчиња“ повторно се закити со прво место на Државниот куп „Рибарче 2026“, кој на 23 август, се одржа на Крушевското Езеро во организација на Македонската риболовна федерација.
Алексеј Стојановски освои прво место, а Марин Стефановски е втор на Отвореното првенство на Македонија до 16 години – јуниори, кое од 14 до 17 август се одржува во Скопје во организација на ТК Поинтер од Скопје.
Тенискиот клуб Тумба од Куманово го освои третото место во Машката тениска лига на Македонија, што претставува најдобар пласман во историјата на клубот.
Во спортскиот комплекс "ММ Спорт" во Куманово, на 4 и 5 јули, ќе се одржи турнир во уличен баскет 3х3. Љубителите на кошарката ќе имаат можност да уживаат во два дена исполнети со баскет, музика и натпреварувачки дух.
Младите натпреварувачи на ЗСРРК „Пчиња“ од Куманово постигнаа извонреден успех на Државното првенство во спортски риболов за деца до 15 години, освојувајќи го првото место екипно, додека нивниот член Алек Марковиќ го освои второто место во поединечна конкуренција.
На спортскиот терен Соколана, утре (21 јуни) започнува традиционалниот Турнир во мал фудбал „Видовдeн 2026“, во организација на Српската заедница во Македонија – Регионален одбор Куманово.
Екипата „Волци“ во мал фудбал 2015, машкиот тим „Кочо Рацин“ во баскет 3х3 и Глигориј Павловски во шах (категорија 2015) од Куманово остварија победи на Регионалните спортски игри „Плазма“, кои викендов се одржаа во Велес.
Младиот автомобилист Жељко Величковски (21) од Куманово, член на клубот „ОТК Скопје“, минатиот викенд го освои второто место на авто-слалом трката во Кичево, која се бодува за шампионатот на Македонија.
На Градскиот плоштад во Куманово, од 11 до 13 јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“.
Тенискиот клуб Тумба од Куманово забележа значајни резултати на државните првенства за млади категории и на турнирите за ветерани што се одржаа во текот на мај.
Жељко Величковски (21) од Куманово освои трето место на првиот официјален авто слалом натпревар на стари возила, кој минатиот викенд се одржа во Скопје, во организација на Националната федерација за историски возила на Македонија.
Две бронзени медали освоија членовите на Пливачкиот клуб „Атлета“ на „Орион куп“, кој викендов се одржа на Олимпискиот базен во Скопје.
Пливачкиот клуб Немо од Куманово освои четири медали на меѓународниот пливачки натпревар „Орион куп 2026“, кој се одржа на 23 и 24 мај на Олимпискиот базен во Скопје.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса