Видео со мигранти искористено да му се префрли на Спасовски

10.07.2020 06:55 | KumanovoNews

Пишува: Убавка Јаневска

Рецензираме текст  со наслов „Мигранти влегуваат кога и колку сакаат, Спасовски тера кампања!

Видео со мигранти искористено да му се префрли на Спасовски

Во написот се тврди дека мигрантите влегуваат во земјава кога и како сакаат, а ова се темели на еден видео материјал. Проблематичниот аспект е во тоа што одговорноста за мигрантите не се бара во институцијата задолжена да го контролира влезот и излезот од државата на странци, туку од техничкиот премиер Спасовски. Уште попроблематично е што написот е искористен за да се напомене дека Спасовски тера кампања, со што се добива впечаток дека тој наместо да врши работи од негови ингеренции е фокусиран на партиски дејства.

Полицијата, односно Министерството за внатрешни работи каде Спасовски нема никаква функција ниту ингеренции, е институцијата задолжена за контрола на проблематиката за која се известува во написот.

Овој текст е со  коментаторски  наслов.

Тоа е спротивно на член 13 од Кодексот на новинари во кој пишува:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

И покрај тоа што струмичкиот портал кој го објавил видеото на сопствената Фејсбук страна  напишал дека го испратил до струмичката полиција која веднаш испратила екипа на местото каде што е снимено видеото, овде се обвинува за неажурност. Целата состојба со мигрантите се доведува во директна корелација со личност која не е задолжена во ресорот за внатрешни работи и со префрлувачки тон се потенцира дека ,,тој тера кампања” додека мигрантите влегуваат кога и како сакаат. Во содржината недостасуваат и изјави од сите инволвирани.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk