СРЕЌНА НОВА 2010!!!

Виктор Цветковски

Невообичаеното топло време за овој период од годината, допринесе на плоштадот да излезат луѓе од сите генерации и да уживаат во музиката на Северина. Сексепилната хрватица, не остави некого рамнодушен и направи одлична атмосфера.
"Одлично! Ова е најдобрата новогодишна забава досега на плоштадот. Минатите години беше ладно или пејачите слаби. Годинава е полн погодок. Секоја чест за организаторите и Северина"- рече еден од веселите гости.
Градоначалникот Зоран Дамјановски на полноќ им ја честиташе Новата година на граѓаните и им посака многу здравје, среќа и успех. "Само заедно сме посилни и ќе го направиме Куманово поубаво место за живеење, а тоа го покажува и вечерашнава журка"- рече Дамјановски.
На прославата на плоштадот имаше и гости од околните градови. Можеа да се видат друштва што дошле од Скопје, Врање и Штип. "Куманово стана препознатливо по добрите концерти. Дојдовме затоа што ја сакаме Северина, а ова е ретка можност да ја видиме и убаво да си поминеме" - ни рече едно друштво од Свети Николе.
Меѓу познатите личности беше и пратеникот Андреј Петров.
 Атмосферата за пречек на Новата година беше прекрасна и во кафулињата, рестораните каде голем број на кумановци славеа.

Виктор Цветковски,

*Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*