Ангажирани 500 образовни асистенти за учениците со попреченост

18.02.2022 14:51 | Сузана Николиќ

Годинава ангажиравме 500 образовни асистенти како поддршка на учениците со попреченост во редовните основни училишта и тие повеќе не се товар на семејствата на учениците, туку обврска на државата.

Ангажирани 500 образовни асистенти за учениците со попреченост

Бројот на образовни асистенти може и дополнително да се зголеми, доколку тоа го утврдиме со анализата на потребите која ја спроведуваме во моментов, истакна министеротза образование Јетон Шаќири на средбата со директорката на центарот за аутизам „Летај за живот“ од Тетово, Фатјона Геци.

Министерот Шаќири потенцираше дека МОН продолжува со имплементација на новата концепција за основно образование, во чија основа е интегрирана токму инклузивноста, а тоа подразбира повеќе заложби за подобрување на условите за едукација на учениците со попреченост од сите можни аспекти и со тоа остварување на нивниот полн потенцијал.

„Покрај училиштата, важна улога во образованието на учениците со посебни образовни потреби има и општеството, како еден од главните фактори во социјализацијата на оваа категорија ученици“, истакна Шаќири.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk