Царовска:Училиштата се подготовуваат за новите наставни програми за прво и четврто одделение

19.04.2021 18:16 | KumanovoNews

Основните училишта се подготвуваат за имплементација на новите наставни програми кои ќе стартуваат од есен.

Царовска:Училиштата се подготовуваат за новите наставни програми за прво и четврто одделение

Директорите на основните училишта на денешната онлајн средба ја информираа министерката за образование и наука Мила Царовска дека за учебната 2021/2022 фокусот го ставаат на подготовки за реализација на наставните програми за прво и за четврто одделение.

 „Училиштата веќе работат на обезбедување на потребните ресурси за да можат првооделенците и четвртооделенците максимално да ги исползуваат придобивките на новите наставни програми. Очекувам повисок квалитет на настава, затоа што наставните програми обезбедуваат реализација на сродни теми од различни наставни предмети, секаде каде што е можно. Тие го поттикнуваат учењето со разбирање, развивањето на критичкото мислење и креативноста. Следат обуки на наставниците кои ќе ги реализираат програмите“, рече министерката Царовска.

Директорите информирале за текот на наставата и за другите активности поврзани со воспитно-образовниот процес.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk