Ќе предложиме кафеаните да работат до 21 часот, најави Филипче

02.11.2020 20:04 | KumanovoNews

Комисијата за заразни болести ќе ѝ предложи на Владата работното време на угостителските објекти да се ограничи до 21 часот, потврдуваат од Министерството за здравство.

Ќе предложиме кафеаните да работат до 21 часот, најави Филипче

Од Министерството велат дека заедно со Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе достават предлог до Владата да усвои нова мерка според која угостителските објекти ќе можат да работат најмногу до 21 часот.

Целта на мерката е да се ублажи ширењето на вирусот. Со досегашните мерки, работното време на угостителските објекти е ограничено до 23 часот.

Синоќа пак, во телевизиска емисија министерот Венко Филипче, покрај мерката угостителските објекти порано да затвораат, ја најави и можноста да побараат од Владата да се забрани одржување на културни настани во затворен простор.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk