Цените постојано растат, покажува извештајот на Државниот завод за статистика

10.09.2022 12:56 | KumanovoNews

Трошоците за живот во август годинава за разлика од јули се поголеми за 1,3 %, а цените на мало за 0,6 проценти. Во однос на август, лани имаме зголемување од 16,8 %, а на малопродажните цени за 14,2 % објави Државниот завод за статистика.

Цените постојано растат, покажува извештајот на Државниот завод за статистика

Најзабележителен раст има кај лебот и житата за 6,4 %, овошјето од 3,8 %, млекото 3,6 %, месото за 2,5 %. Пораст бележат и минералната вода, газираните пијалоци, соковите од овошје и зеленчук, свежиот зеленчук (освен компирите и другите коренести плодови), пивото, шеќерот, медот, џемот, чоколадите и генерално сите слатки, рибата и морските плодови, кафето, чајот и какаото.

Цврстите горива за домаќинства имаат раст од 2,8 % и тоа со наближување на грејната сезона. Во целост има покачувања на скоро сите производи кои директно влијаат на стандардот на граѓаните.

Многу е скапо, не се издржува – е главниот коментар на луѓето, кои веќе не се ни трудат да ги запомнат покачувањата, туку само со неколку збора објаснуваат како ги примаат секојдневните промени на цените.  

Меѓутоа во последниот месец имаме и намалување на цените кај маслото и маснотиите за 4, 1 отсто, горивата и маслото за автомобили од 10, 9 % , течните горива за домаќинставата за 10,3 посто, како и кај чевлите и обувките, игрите, играчките и хобијата, гасот за домаќинставта, резервните делови за превозните средства и некои други артикли.

 О. Пешевска 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk