Дигитализирана пријавата за нострификација на странските дипломи во МОН

03.11.2022 13:37 | Оливера Пешевска

Министерството за образование најавува дека oд 04 ноември годинава сите пријави за признавање на странските дипломи и образовни квалификации, како и плаќањето за услугите ќе се поднесуваат само и единствено преку порталот  www.e-uslugi.mon.gov.mk. Со дигитализацијата се поедноставува постапката и се намалуваат трошоците на апликантите.

Дигитализирана пријавата за нострификација на странските дипломи во МОН

  „Изработениот позадински софтвер овозможува електронско водење и решавање на предметите од страна на комисиите во Министерството за образование и наука и на овој начин значително се крати времето, но и дел од трошоците кои настануваат при користењето на оваа услуга“, велат од МОН.

Дигитализацијата и осовременувањето на услугите се приоритетна цел на МОН.Со тоа се фаќа чекор за модернизација и интеграција на националниот образовен систем со европскиот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk