Германска компанија ќе произведува електрични возила во Македонија

11.08.2022 17:48 | Сузана Николиќ

Германска компанија „Некст.е.Го Мобиле“ ќе отвори фабрики за производство за електрични возила во Македонија. Владата денеска одобри државна помош за реализација на оваа инвестиција.

Германска компанија ќе произведува електрични возила во Македонија

„Е-го“ ќе биде привот електричен и првиот автомобил целосно призведен во Македонија.

„Мултимилионска инвестиција од НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ СЕ, Ахен, Германија во ТИРЗ Тетово ќе отвори 3-4.000 нови работни места. Придобивките од оваа инвестиција се многукратни - од отворање на нови работни места, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии, мапирање на земјава кај странските инвеститори во оваа фела, до договори и дополнителна работа за локални компании“, соопшти Владата.

 Премиерот Димитар Ковачевски, вли дека со изградбата на новата фабрика ќе се обезбедат нови работни места за граѓаните, но и договори за соработка со други локални компании, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии. 

„Ова е можност Македонија да биде мапирана од странските инвеститори од автомобилската индустрија“, објави Ковачевски.

Германската старт-ап компанија Некст.е.Го позната е по тоа што се занимава со производство на мали електрични возила.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk