Исплата на стипендиите и надоместот за оброк во текот на следната недела, најави МОН

20.01.2023 21:35 | KumanovoNews

Министерството за образование и наука известува дека исплатите за ученички стипендии, студентски стипендии во земјата и во странство и субвенциониран студентски оброк ќе се реализираат во текот на следната недела.

 

Исплата на стипендиите и надоместот за оброк во текот на следната недела, најави МОН

„Основ за исплата е усвојувањето на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2023 година и Програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2023 година, кои се веќе доставени до комисите на Владата на Република Македонија. Програмите ќе бидат усвоени на следната владина седница, по што МОН ќе ги подмири сите заостанати финансиски обврски кои учениците и студентите,“ информира Министерство за образование и наука. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk