Измени во протоколот за влез на македонските државјани во Грција

19.06.2021 20:32 | KumanovoNews

 Има измени во протоколот за влез на македонските граѓани во Грција, согласно известувањето од грчките гранични служби од граничниот премин „Евзони“, информира МВР.

Измени во протоколот за влез на македонските државјани во Грција

„Од денеска (19.06.2021 година), од 06.00 часот на ГП „Евзони“, освен со ПЦР тест не постар од 72 часа, Сертификат за примена вакцина (со поминати 14 дена од втора доза) и доказ за прележан ковид-19 (од 2 до 9 месеци), влез на наши државјани се дозволува и со негативен брз тест за ковид-19 не постар од 48 часа“, соопштува МВР.

Деца до 12-годишна возраст не им е потребен негативен тест, а постари од 12 години треба да поседуваат брз или PCR тест. Електронската најава на сајтот www.travel.gov.gr за прибавување на ПЛФ документ е задолжителна.

Како и досега, на ГП „Евзони“ Грција нема да се дозволува влез од 22.00 часот до 06.00 часот по македонско време.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk