Јавниот сектор да работи од 9 до 15 часот за да се заштеди струја, предлага Конфедерацијата на слободни синдикати

05.09.2022 19:59 | KumanovoNews

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) предлага јавниот сектор за време на грејната сезона да работи со скратено работнo време од 9 до 15 часот за да се заштеди електрична енергија.

Јавниот сектор да работи од 9 до 15 часот за да се заштеди струја, предлага Конфедерацијата на слободни синдикати

Целта е заштедената енергија да се даде на бизнис секторот и на јавните комунални претпријатија.

„Ние препорачуваме на почетокот на грејната сезона јавниот сектор да работи од 9 до 15 часот кога има целосна светлина и кога е најтопло во денот. Таа енергија што ќе се заштеди од јавните претпријатија и од јавните институции да се даде како помош на бизнис секторот и на јавните комунални претпријатија за да не трпиме големи ценовни шокови“, велат од КСС.

Од КСС додаваат дека со рационализација јавниот сектор може да се направат дежурни тимови кои ќе ги сервисираат неопходните дејности во текот на еден ден.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk