Македонските граѓани ќе патуваат без ПЦР тестови во Србија и Албанија

30.10.2020 17:36 | KumanovoNews

 Лидерите на Македонија, Србија и Албанија односно претседателот Александар Вучиќ, премиерите Еди Рама и Зоран Заев денеска одржаа состанок преку интернет конференциска врска, на кој било одлучено за отворени граници без ПЦР тестови почнувајќи од понеделник.

Македонските граѓани ќе патуваат без ПЦР тестови во Србија и Албанија

- Тројцата лидери се согласија за отворени граници без ПЦР тестови почнувајќи од понеделник (02.11.2020 година), а во меѓувреме во пресрет на состанокот во Софија ќе се работи на продлабочување на соработката во јавното здравство и меѓусебната помош, - информираат од Владата.

Заев, Вучиќ и Рама денеска ја обновија регионална соработка започната минатата година, бидејќи активностите на иницијативата беа одложени поради пандемијата ковид-19. Тројцата лидери се согласија дека кризата ја нагласи потребата од натамошно интензивирање на меѓусебната соработка и регионалната економска интеграција.

За време на средбата преку интернет, претседателот Вучиќ и премиерите Рама и Заев истакнаа дека оваа иницијатива е целосно во согласност со Берлинскиот процес и дека е добра основа за подготовка на земјите од Западен Балкан за претстојниот Самит на Западен Балкан што ќе се одржи во Софија во ноември во рамките на Берлинскиот процес со кој оваа година копретседаваат Бугарија и Северна Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk