Македонските граѓани кои се вакцинирале во Србија, можно е да се ревакцинираат во земјава

20.04.2021 19:52 | KumanovoNews

Ако се направи договор со македонското Министерство за здравство,  македонските државјани кои се вакцинирани во Србија, можно е втората доза да ја добијат во земјава, кажа денеска српскиот министер за здравство Златибор Лончар по средбата со министерот Венко Филипче во Белград.

Македонските граѓани кои се вакцинирале во Србија, можно е да се ревакцинираат во земјава

„На граѓаните кои што примија прва доза од вакцина против ковид-19 во Србија она што најмалку можеме да направиме е да им обезбедиме ревакцинација тука. Тоа е наш принцип, но секогаш може да се договориме, бидејќи имаме евиденција на тие граѓани. Ако се договориме и на тој начин е полесно, тие дози може да ги отстапиме на Северна Македонија и таму да се организира вакцинирањето. Тоа дополнително ќе го договориме, има уште 12  недели до ревакцинација“, рече Лончар.

Македонските граѓани во Србија во најголем број се вакцинирани во „АстраЗенека“.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk