МОН ќе вработи образовни асистенти за работа со ученици со попреченост

10.08.2022 19:23 | Сузана Николиќ

Министерството за образование и наука (МОН) објави огласи за вработување на образовни асистенти на определено време за три основни училишта со ресурсни центри, кои во учебната 2022/2023 година ќе работат со ученици со попречености во редовна настава во повеќе општини.

МОН ќе вработи образовни асистенти за работа со ученици со попреченост

Во огласот за ОУРЦ „Иднина“- Скопје е предвидено вработување на 226 образовни асистенти кои ќе им помагаат на ученици со попречености во основните училишта во општините: Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане, Куманово, Липково, Центар, Гази Баба, Бутел, Чаир, Шуто Оризари, Зелениково, Петровец, Илинден, Арачиново и Чучер Сандево. 

На македонски наставен јазик може да се вработат 95 во одделенска, 16 во предметна настава и пет образовни асистенти во комбинирана паралелка, а на албански наставен јазик – 85 во одделенска, 20 во предметна и пет во комбинирана паралелка.

Во огласите што денеска ги објави МОН се наведени условите за вработување со потребните работни компетенции на кандидатите, распоредот на работното време на образовните асистенти и  документите и рокот за аплицирање.

Минатата учебна година првпат од буџетот на Министерството за образование и наука беа ангажирани 500 образовни асистенти за работа со ученици со атипичен развој вклучени во редовната настава. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk