Можно e укинување на полицискиот час од 15 јуни, најави Филипче

03.06.2021 19:30 | KumanovoNews

Можно е од 15 јуни да дојде до уште едно олабавување на мерките воведени поради вирусот ковид-19, рече министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Можно e укинување на полицискиот час од 15 јуни, најави Филипче

„Убава вест е тоа што нема хоспитализирани лица позитивни на ковид 19 денеска во Скопје. Комисијата за заразни болести ќе има состанок пред 15 јуни до кога важат актуелните мерки. Доколку епидемиолошката слика е ваква како што е сега, по долго време немаме прием на пациент во инфективните оделенија, можно е да дојде до промена на рестриктивните мерки“ – рече Филипче.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk