МВР набави 50 радари за сообраќајната полиција

30.06.2021 11:32 | KumanovoNews

Министерството за внатрешни работи набави 50 нови ласерски радари, наменети за потребите на сообраќајната полиција, опремени со уред  за ноќно снимање, далеку посупериорни од досегашните и во согласност со актуелните европски полициски стандарди.

МВР набави 50 радари за сообраќајната полиција

 „Со оваа набавка  нашето министерство е единствено во регионот кое располага комплетно со уреди од последната генерација, модерни, технички високо - софистицирани радари од кои невозможно е да се избрише снимениот материјал. За сите нас исклучително важен е фактот што безбедноста во сообраќајот веќе одамна ја третираме не само како прашање на почитување на законската регулатива или, пак, само како стручно опсервирање на квалитетот на сообраќајната инфраструктура туку, пред сѐ, како приоритетен сегмент, во кој се пресликува нашата посветеност за создавање на безбедни средини за граѓаните“, истакна министерот Оливер Спасовски на денешната промоција на новите уреди.

Спасовски верува дека со овој нов зафат уште повеќе ќе се зголеми ефикасноста и квалитетот на сообраќајната контрола што, пак, треба да даде резултативо зголемување на нивото на безбедност на сообраќајот на патиштата.Набавката е вредна 21.257.175 денари и е направена согласно побарувањата, односно потребите на Единиците за сообраќај во МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk