МЗ: Ревакцинирани 44 отсто од полнолетните граѓани во државата

05.10.2021 13:24 | Сузана Николиќ

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 5.246 дози вакцини, од кои 1.253 се аплицирани како прва доза, 3.897 се ревакцинирани, а 96 граѓани примиле трета доза вакцина. 

МЗ: Ревакцинирани 44 отсто од полнолетните граѓани во државата

Заклучно со 4 октомври вкупно се вакцинирани 791.141 граѓани, ревакцинирани се 737.979, а трета доза примиле 96 граѓани. 

„53 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 32 проценти од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 отсто, а со две дози опфатени се 44 проценти од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцини“, соопштува Министертството за здравство.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk