Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полицискиот час ќе остане на сила од 22 часот навечер до 5 часот наутро, а нема да се донесат нови рестриктивни мерки засега, изјави министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција.
„Ќе ја следиме состојбата до понеделник и тогаш ќе носиме дополнителни мерки, доколку се потребни“, истакна Филипче.
Министерот кажа дека се наоѓаме во екот на третиот бран од пандемијата и во последните пет недели бројките постојано растат. Поради тоа има притисок за болничко сместување, но дека во моментот има доволен број на болнички кревети.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk