Нема веќе носење маски во затворени простории, препорачува Комисијата за заразни болести

07.04.2022 10:14 | Жаклина Цветковска

Да се укине носењето на маски во затворени простории, препорачува Комисијата за заразни болести.

Нема веќе носење маски во затворени простории, препорачува Комисијата за заразни болести

Оваа препорака нема да важи и ќе остане задолжителна мерка  само во здравствените установи, аптеките, домовите за стари лица, како и јавниот превоз и такси возилата.

Носењето маски во затворени простории ќе остане избор на граѓаните, доколку тоа е нивна желба, но нема да бидат задолжителни.Сепак, препорачуваме и понатаму маски да носат постарите, со хронични болести , како и лицата со имунокомпромитирачки заболувања , посочи Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Предложените мерки  ќе бидат доставени до Главниот кризен штаб, а потоа треба да бидат усвоени и од Владата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk