Новото мартовско усогласување на пензиите изнесува 8,4%

14.03.2023 10:47 | Оливера Пешевска

Со мартовската исплата на пензиите ќе има покачување од 8.4% на сметките на граѓаните-сениори.Со ова се врши усогласување на пензиите со растот на трошоците за живот и растот на просечната плата соопштија од Минстерството за труд и социјална политика.

Новото мартовско усогласување на пензиите изнесува 8,4%

Со овој начин на усогласување на пензиите се овозможува реален пораст на пензиите во однос на платите, односно како што ќе порасне просечната плата, во континуитет ќе растат и пензиитеУсогласувањето на пензија се врши според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Северна Македонија во висина од 50%.

Пензијата согласно новата Методологија, се усогласува на 1 март и на 1 септември секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Северна Македонија.

Следното усогласување се очекува во септември.

 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk