Објавен оглас за прием на 100 професионални војници во Армијата

21.05.2021 05:58 | KumanovoNews

Министерството за одбрана вчера објави оглас за прием на 100 нови професионални војници во Армијата.

Објавен оглас за прием на 100 професионални војници во Армијата

Војниците се примаат за работа на определено работно време со договор за вработување во времетраење од 4 години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст по избор согласно закон.

Рокот за пријавување на заинтересираните лица е 15 дена, а критериумите за пријавување на кандидатите се: да се државјани на Република Северна Македонија, да имаат завршено средно образование, да не се постари од 25 години од денот на завршување на огласот за прием и да се здравствено и физички способни.

Од Министерството за одбрана соопштуваат дека идните професионални војници ќе земаат почетна плата од над 25.000 денари, со дополнителни над 8.000 денари трошоци за станбено обезбедување по навршување на 4 години служба во Армијата.

Кандидатите за професионални војници пријавата може да ја поднесат по електронски пат заедно со потребните документи на [email protected] и до Одделението за одбрана во местото на живеење, со приложување на потребните документи.

Од Министерството за одбрана напоменуваат дека при вработувањето на новите војници ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници, со почитување на критериумите за прием.

Министерството за одбрана ги повикува и охрабрува девојките и жените кои ги исполнуваат условите да се пријават на јавниот оглас за прием на професионални војници во Армијата.

(С.Н.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk