Објавени повиците за финансирање за земјоделски производители на храна од животинско и неживотинско потекло

09.03.2023 12:21 | KumanovoNews

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  ги објави двата повици за финансиска поддршка на земјоделски производители на храна:  за производители на храна од животинско потекло и за производители на храна од неживотинско потекло.

Објавени повиците за финансирање за земјоделски производители на храна од животинско и неживотинско потекло

За таа намена се предвидени капитални субвенции за претпријатија и невладини организации во износ од 17.500.000 денари, кои ќе се користат за доделување на неповратна финансиска поддршка за инвестиции во опрема, основни средства и услуги кои имаат за цел: остварување на додадена вредност во примарното производство, развој на производи со традиционални карактеристики и зголемување на конкурентноста, како и развој на семејни бизниси од областа на производство на храна од животинско и неживотинско потекло.

„Право на учество на јавните повици имаат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и да се регистрирани или евидентирани како оператори со храна од животинско, односно неживотинско потекло, согласно Правилниците за барањата за условите и хигиена за производство и ставање во промет на храната од животинско потекло односно неживотинско потекло, наменета за директно снабдување, локализирана активност, во географски или економски ограничувања, како и општите и посебните барања за примена на традиционални методи на производство, преработка и дистрибуција на храна со традиционални карактеристики за храна од животинско или неживотинско потекл во Агенцијата за храна и ветерина“, соопштуваат од МЗШВ.

Крајниот рок за доставување на барањата за финансирање е 02. април 2023 година. 

Висината на финансиската поддршка согласно оваа програма изнесува до 600.000,00 денари по корисник без вклучен ДДВ за следните намени:

- трошоци за набавка на опрема за производство на храна (доработка и преработка на примарни земјоделски производи) во висина до 90% и/или

- трошоци за ангажирање на стручно лице (технолог за производство на храна) во висина до 10% од вкупниот износ од висината на финансиската поддршка по корисник.

 Еден корисник може да поднесе само едно барање за доделување на финансиска поддршка согласно Програмата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk