Oд 1 септември влез во Македонија само со ПЦР тест, сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид, одлучи Владата

24.08.2021 19:50 | Сузана Николиќ

Од 1 септември домашните и странски државјани ќе можат да влезат во Македонија доколку претходно на граничниот премин приложат сертификат за вакцинација, поврда за прелезан вирус или негативен тест, одлучи Владата на денешната седница.

Oд 1 септември влез во Македонија само со ПЦР тест, сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид, одлучи Владата

„За влез во државата потребни се сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест ковид-19, сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето или медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територијата на Република Северна Македонија“, соопшти Владата.

За нашите граѓани кои ќе се враќаат во земјата после 1 септември, а немаат ПЦР тест, или потврди за примена вакцина или за прележан КОВИД-19, ќе се одреди мерка карантин од 7 (седум) дена домашна изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Странските државјани кои транзитираат низ земјата ќе можат да го направат тоа во рок од 5 часа со претходно потпишана изјава на влезот во земјата која ќе треба да ја приложат пред граничната контрола на излезот од државата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk