Од 12 јули вакцинација и без закажан термин, а ќе започне и теренската вакцинација

05.07.2021 13:19 | KumanovoNews

Од понеделник 12 јули вакцинацијата на граѓаните ќе се одвива во постоечките  вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација, информира Министерството за здравство (МЗ).

Од 12 јули вакцинација и без закажан термин, а ќе започне и теренската вакцинација

„Ќе може да се вакцинира секој граѓанин без разлика дали е пријавен или не се пријавил на веб страницата vakcinacija.mk Секој кој сака да се вакцинира истото ќе може да го направи без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk“, информира МЗ.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека од следната недела ќе запопчне и теренска вакцинација.

„Здравствените домови до петок треба да изготват план и организација за секој ден, време и место на теренската вакцинација. Граѓаните кои ќе ја примаат првата доза вакцина на мобилен пункт, истите и ќе се ревакцинираат на терен“, кажа Филипче.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk