Од полноќ бензинот поевтинува за 6,5 денари, дизелот за 9 денари

12.03.2022 07:24 | Сузана Николиќ

Регулаторната комисија за енергетика ноќеска донесе одлука да ја намали цената на бензинот за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари, откако поминаа во Собранието законските измени за намалување на ДДВ-то и акцизата на горивата.

Од полноќ бензинот поевтинува за 6,5 денари, дизелот за 9 денари

Со оваа промена, од вечерва на полноќ, цената на Еуросупер 95 ќе изнесува 86,5 денари, додека на Еуросупер 98 ќе изнесува 88,5 денари. Цената на дизелот ќе биде 88 денари.


Цените на нафтата и нафтените деривати нагло пораснаа по руската инвазија на Украина. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk