Од понеделник вакцинација и на деца од 12 до 16 години

07.07.2021 11:27 | KumanovoNews

 Од понеделник ќе се дозволи вакцинирање на деца од 12 до 16 годишна возраст со вакцината на Фајзер, најави Mинистерот за здравство Венко Филипче.

Од понеделник вакцинација и на деца од 12 до 16 години

„Покрај најавата дека од понеделник започнува теренската вакцинација ве информирам дека ќе се дозволи и вакцинирање на деца од 12 до 16 години со вакцината на Фајзер којашто во овој момент е единствена вакцина која е дозволена да се користи за деца“, изјави министерот Филипче.

Вакцинирањето на што поголем број на граѓани ќе овозможи заштита од ширење на епидемијата. Спуштањето на рамката на години за лицата кои се вакцинираат, ќе ја намали веројатноста да и младите го шират вирусот. Со вакцинација се овозможува заштита од преносливост на новите соеви и заштита од тешка форма на болеста или смртен исход.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk