Почина британската кралица Елизабета Втора

08.09.2022 22:28 | KumanovoNews

Британската кралица Елизабета Втора попладнево почина мирно во замокот Балморал во Шкотска, соопшти Кралското семејство.

Почина британската кралица Елизабета Втора

Кралот Чарлс и кралицата Камила ќе останат во Балморал вечерва и ќе се вратат во Лондон утре, додаваат од Кралското семејство.

Кралското семејство денеска се упати кон Шкотска откако беше објавено дека здравјето на кралицата е влошено. Во јуни, целата Британија го славеше платинестиот јубилеј на кралицата, односно 70 години од доаѓањето на престолот.

Елизабета имаше само 26 години кога го наследи својот татко на британскиот престол во 1952 година и потоа стана британски монарх со најдолг стаж во историјата.

Чарлс, синот на кралицата, е новиот британски крал.

Тој автоматски станува крал како најстариот син на Елизабета Втора. Тој ја наследува титулата на чело на Комонвелтот, како и имотот.


(Фото: Кралско семејство)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk