Помош за невработените, пензионерите со мали пензии и социјалните случаи, со новите антикризни мерки на Владата

10.10.2022 09:38 | Сузана Николиќ

Владата на вчерашната седница, донесе повеќе предлог мерки за поддршка на граѓаните и компаниите, во време на економско-енергетска криза.

Помош за невработените, пензионерите со мали пензии и социјалните случаи, со новите антикризни мерки на Владата

Новиот пакет антикризни мерки, се насочени кон најранливите категории граѓани, јавните и здравствени установи, компаниите, инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, како и за стабилизирање на цената на храната.

„Владата го предлага новиот сет мерки за справување со енергетската и ценовната криза, имајќи ја предвид пролонгираната енергетска криза како и ценовните притисоци, особено за ранливите категории граѓани. Вкупниот фискален ефект од новиот сет мерки е проценет на 22,2 милијарди денари, односно 360,2 милиони евра“, соопштуваат од Владата.

Во наредните 4 месеци, по 3 илјади денари месечно треба да добијат корисниците на социјална помош, помош за попреченост, посебен додаток, нега од друго лице и невработените и оваа мерка опфаќа 42 илјади граѓани и ќе чини над 8 милиони евра. По 1.500 денари во наредните 4 месеци ќе добијат пензионерите кои добиваат пензија до 11.525 денари, а тоа се над 91.600 пензионери. По 750 денари ќе добијат пензионерите со пензии од 11.525 до 14.000 денари, а такви се над 66 илјади пензионери. За оваа мерка се издвоени 12,2 милиони евра.

Овие мерки треба да поминат во Собрание.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk