Попишани повеќе од 200.000 граѓани за четири дена

09.09.2021 18:35 | Сузана Николиќ

Пописот на населението, домаќинствата и становите, кој започна да се спроведува на целата територија на Северна Македонија на 5 септември се одвива со голема поддршка и интерес од граѓаните. Потврда за тоа е големата бројка на попишани граѓани. Само во првите четири дена со попишувањето се опфатени повеќе од 200.000 граѓани.

Попишани повеќе од 200.000 граѓани за четири дена

Државниот завод за статистика изразува благодарност до сите граѓани кои свесни за важноста од спроведување на оваа најобемна статистичка операција, се конструктивен партнер во процесот.

„Во тек е надминување на помали технички предизвици кои повремено се појавуваа претходните денови кога на терен имаше висок интензитет на попишување. Сите внесени податоци се успешно процесирани во системот, а техничките усогласувања се прават со цел процесот да продолжи со несмален интензитет“, соопшти Државниот завод за статистика.

Досегашната динамика на попишувањето на терен е гаранција дека заклучно со 30 септември успешно ќе бидат попишани населението, домаќинствата и становите на територијата на целата земја.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk