Пописот се одлага за септември, локалните избори во втората половина на октомври

29.03.2021 15:16 | KumanovoNews

Пописот на населението и домаќинствата поради екот на пандемијата, од април да се одложи за септември, а изборите, во втората половина на октомври, се договориле лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев и лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата  во Клубот на пратеници.

Пописот се одлага за септември, локалните избори во втората половина на октомври

 „Разговаравме за пописот, имунизацијата на населeнието и одблокирање на Собранието, за изборниот законик за локалните избори. Притоа се договоривме да го одложиме пописот на насeлениот, почнувајќи од 5 септември, а изборите од првата половина на октомври да се одложат во втората половина на октомври. Се договоривме да ги повикаме граѓаните да се попишат и по 20 години да го спроведеме овој толку важен процес. Дотогаш пописот во дијаспората ќе продолжи и ги повикувам граѓаните да се попишат масовно до 30 септември“,  изјави Заев по средбата.

Кампањата за локалните избори ќе почне од 1 октомври.

Исто така било договорено да се одблокира Собранието и сите закони коишто се заглавени да  се одблокираат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk