Пратениците изгласаа намалување на ДДВ на струјата од 18 на 5 отсто

16.07.2021 07:01 | Сузана Николиќ

Пратениците во Собранието вчера по скратена постапка ги изгласа измените на Законот за данок на додадена вредност, со кои данокот на електричната енергија за домаќинствата се намалува од 18 проценти на пет отсто до 30 јуни 2022 година.

Пратениците изгласаа намалување на ДДВ на струјата од 18 на 5 отсто

Со овие измени, од 1 јули 2022 година до 30 јуни 2023 година данокот на струја за домаќинствата ќе изнесува 10 отсто, а потоа ќе се врати на 18 отсто.

Владата ги предложи овие законски измени за да се амортизира поскапувањето на електричната енергија, откако Регулаторната комисија за енергетика на крајот на минатиот месец донесе одлука таа да поскапи за 12,36 отсто.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk