Процесот на децентрализација треба да продолжи без одлагање, кажа министерот Милевски

16.03.2021 15:06 | KumanovoNews

Владата е посветена во продолжување на процесот на децентрализација, а денеска се одржа првиот состанок на работната група за продолжување на процесот на децентрализација.

Процесот на децентрализација треба да продолжи без одлагање, кажа министерот Милевски

„Потребно е да се изготви предлог-програма за продолжување на процесот на децентрализација со акционен план и како и предлози за потребата од изготвување на соодветни измени што ќе обезбедат трансфер на надлежностите и ресурсите од централна во локалната власт“, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Тој вели дека заеднички заклучок е дека процесот на децентрализација треба да продолжи без одлагање и дека на следната владина седница треба да се одобрат информациите за унапредување на фискалната децентрализација, како и ревизијата на нацрт-документот на работната група за проширување на процесот на децентрализација.

На состанокот присуствуваа и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk