Пуштени дополнителни термини за вакцинирање лица на 73 и 74 години, закажување преку матичен лекар

13.04.2021 19:55 | KumanovoNews

Дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи граѓани од 73 и 74 години се пуштени во „А1 СЦ Борис Трајковски“ во Скопје. Од Министерството за здравство ја информираат јавноста дека термините се отворени од вечерва и граѓаните од оваа возрасна група кои досега изразиле желба за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk или преку матичен лекар, истите да се пријават кај својот матичен за да им закаже термин за вакцинација.

Пуштени дополнителни термини за вакцинирање лица на 73 и 74 години, закажување преку матичен лекар

Вакцинацијата на овие групи граѓани ќе почне од четврток, на пунктовите во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.

„Вакцинацијата продолжува согласно Националната стартегија за ковид имунизција со приоритет врз основа на возраст,  во оваа фаза ќе бидат опфатени возрасни лица, односно постари – категорија што секако е опфатена со најголем број на хронични болести, со висок ризик за тешка форма на ковид 19 болест, компликации и смртен исход“, соопштува Министерството за здравство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk