Работниците да се заштитат од топлотниот бран и температурите од 40 степени, бара ССМ

23.06.2021 09:45 | KumanovoNews

Сојузот на синдикатите на Македонија бара Владата да донесе мерки за заштита на животот и здравјето на работниците и граѓаните затоа што, како што велат, според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска и во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината, а максималната температура ќе достигне до 40 степени.

Работниците да се заштитат од топлотниот бран и температурите од 40 степени, бара ССМ

Во соопштението од Сојузот се дополнува дека во насока на справување со најавените високи температури, ССМ бара од работодавачите да ги почитуваат марките за безбедност и здравје при работа, да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот, како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови.

Нагласуваат дека од особено значење е да се утврдат соодветни мерки за заштита на здравјето и животот на возрасните, хронично болните и бремените работнички, а доколку тоа право не се почитува ги повикуваат сите работници да пријават кај својот синдикален претставник, претставникот на работниците за БЗР и Државниот инспекторат за труд.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk