Сертификат за прележан ковид-19 ќе издава Министерството за здравство

29.06.2021 15:05 | KumanovoNews

Лицата кои во изминативе девет месеци прележаа ковид-19 ќе добијат сертификат од Министерството за здравство.

Сертификат за прележан ковид-19 ќе издава Министерството за здравство

„Во Националниот систем Мој Термин е воведена можноста за издавање на сертификат за прележан ковид-19. Сертификатот се издава за сите лица кои во последните 9 месеци биле позитивни на Сарс-Ков-2 и се регистрирани како позитивни случаи во Националниот систем“, соопштува Министерството за здравство.

Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата vakcinacija.mk

Сертификатот е на македонски и англиски јазик, содржи податоци за лицето (име и презиме, ЕМБГ, ЕЗБО, датум на раѓање, пол) тип на тест, дата на тестирање, дата на позитивен резултат, Здравствена установа (лабораторија) каде е направено тестирањето, како и QR-код.

Сертификатот е заверен со дигитален печат на Министерството за здравство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk