Средношколците се согласија за моделот на полагање матура, но преговорите продолжуваат

15.02.2021 15:27 | KumanovoNews

Сојузот на средшколци оствари компромис на последната средба во Владата, и одлучи да го прифати понуденото решение за државна матура – ќе полагаат два екстерни и два интерни испити.

Средношколците се согласија за моделот на полагање матура, но преговорите продолжуваат

На состанокот кој го организираше премиерот, беше донесена одлука дека третиот екстерен предмет ќе се полага како интерен, по што Сојузот на средношколци објасни дека оваа промена предвивува и ново добивање на поени. Екстерните предмети ќе носат најмногу 20 поени, наместо сегашните 30, а интерните најмногу 16 наместо сегашните минимални 6 поени. Проектната задача останува по старо и ќе носи 4 можни поени.  

Од Сојузот сметаат дека ваквиот начин на распределба на поените е поправеден и порамномерен за сите матуранти. Дополнително, задоволни се што ова ги исполнува условите за квалитетно образование и интересот на учениците.

Но, преговорите продолжуваат во врска со барањето да се извади просечна оценка од изминатите четири години.

Испитите за државна матура би требало да започнат на 29-ти мај со полагање на мајчин јазик, а потоа и вториот екстерен предмет, каде ќе се бира помеѓу математика и странски јазик.

(Д.Д.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk