Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

20.10.2021 07:57 | Сузана Николиќ

Се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите, како во отворените така и во затворените делови на овие угостителски објекти, одлучи Владата на вчерашната седница.

Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

Исто така, во затворениот и во отворениот дел од објектот, може да има најмногу 50% од капацитетот на објектите.

За угостителските објекти за организирање прослави, веселби и свадби, остануваат во сила постојните мерки и протоколи.

И натаму, во кафеаните може да се влезе само со сертификат за ковид вакцинација.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk