Владата ќе обезбеди финансиска поддршка за фотографските студија и фитнес центри

18.05.2021 18:48 | KumanovoNews

Владата денеска го задолжи Генералниот секретаријат да го објави јавниот повик за финансиска поддршка за регистрирани фотографски студија и фитнес центри во рамки на шестиот пакет економски мерки за закрепнување на македонската економија и за излез од ковид-19 економската криза.

Владата ќе обезбеди финансиска поддршка за фотографските студија и фитнес центри

„Повикот има цел да обезбеди финансиска поддршка за регистрирани фотографски студија и фитнес центри кои беа затворени со одлука на Владата за целосна забрана за посетители и гости. Висината на поддршката се пресметува како износ од 30% од просечниот месечен приход, а дополнително, секој регистриран активен субјект ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен, според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 31.12.2020 година“, соопшти Владата.

Рокот за поднесување на пријавите за овој јавен повик е 1 јуни 2021 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk