Владата ги замрзна цените на тестенините и млечните производи

10.03.2023 14:10 | Сузана Николиќ

Владата денеска донесе одлука за замрзнување на цените на тестенините и на млечните производи. Со тоа цените се намалуваат за 10 отсто за млечните производи и 15 отсто за тестенините, а одлукате ќе се применува од 16 март до 31 мај 2023. 

Владата ги замрзна цените на тестенините и млечните производи

„Се замрзнува цената на тестенините,  намалување се предлага да биде за 15%, на цената која се применува во трговијата на мало на 1 март 2023 година, односно во просек за околу 8,00 - 9,00 денари. Се работи за тестенини, односно за макарони и шпагети“, истакна премиерот  Димитар Ковачевски, на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека, исто така се замрзнуваат и цените на млечните продукти, меѓу кои на млекото, урдата, сирењето, кашкавалот, павлаката, киселото млеко и јогуртот.

Министерот за економија, Креник Бектеш најави дека е можно намалување на цените и на други производи.

„Идната недела ќе се направат анализи и ќе се утврди дали ќе бидат замрзнати цените и на шеќерот, јацата и оризот“, рече министерот за економија, Бектеши, додавајќи дека цените на овие производи најверојатно ќе се замрзнат ако производителите не ги намалат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk