Владата најави нови мерки за спречување на ценовниот шок на прехранбените производи и на енергенсите

07.03.2022 10:00 | Сузана Николиќ

Во текот на наредните неколку дена јавноста ќе биде информирана за новите пакет мерки за надминување на состојбата во економијата, а со цел да нема поголем ценовен шок на основните прехранбени производи и на енергенсите, велат од Владата.

Владата најави нови мерки за спречување на ценовниот шок на прехранбените производи и на енергенсите

„Владата со сите релевантни чинители, синдикати, комори, работодавачи во рамки на Економскиот совет, како и со надворешни експерти ќе дискутира за надминување на актуелната состојба во земјата, како последица на светските случувања кои се прелеваат и кај нас. Секој во својот домен ќе даде свој придонес во однос на согледувањето на  состојбата кои би биле евентуално можни предлози и идеи за натамошни решенија“, стои во соопштението од Владата.

Дополнително, Владата донесе одлука да нема промени на сметките за топлинска енергија за домаќинствата.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk