Во тек е исплата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната година 2022/2023 година

24.02.2023 12:35 | KumanovoNews

Министерството за труд социјална политика(МТСП) ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за вториот мерен период за учебната 2022/2023 година.

Во тек е исплата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната година 2022/2023 година

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:

·         за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година,

·         за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година,

·         за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и

·         за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули  во тековната календарска година.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири еднакви износи од по 2.211 денари на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3.158 денари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование, по завршување на секој од мерните периоди, утврдени со овој закон.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk