Во знак на благодарност за вакцините размислуваме да ги ослободиме од патарина српските туристи, најави Заев

02.04.2021 17:55 | KumanovoNews

Премиерот Зоран Заев најави дека како знак за благодарност за донираните вакцини се размислува летово српските туристи да бидат ослободени од патарина на македонските автопати.

Во знак на благодарност за вакцините размислуваме да ги ослободиме од патарина српските туристи, најави Заев

Никако не можеме да го минимизираме чинот на солидарност, на хуманост од страна на Србија. Тоа што го добивме во моментот од Србија како донација ни е доволно за периодов. Зборував со Израел, со Британија, Франција, значи речиси нема каде не сме се обратиле, но ете нашиот сосед ни излезе во пресрет. Не можете да се раздолжите кон ваков чин пријателство. Се размислува летово на возилата со српски регистрации да им поделиме картички за патарини за да не плаќаат, да се оддолжиме некако, иако тоа нема цена, но сепак Србија дала пари на граѓаните за тие вакцини. На пријателството да вратиме со пријателство“ изјави премиерот, Зоран Заев, на Канал 5.

Тој рече дека дека српските вакцини иако се донација тие се во вредност од околу 700.000 евра и за тоа треба некако да им се одолжиме.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk