Вучиќ бара од српската влада бесплатна вакцинација и за македонските граѓани

03.06.2021 20:30 | KumanovoNews

Српскиот претседател Александар Вучиќ побара од српската влада да овозможи бесплатна вакцинација на македонските граѓани во Србија, објави агенцијата „Танјуг“.

Вучиќ бара од српската влада бесплатна вакцинација и за македонските граѓани

Како што изјавиле од кабинетот на Вучиќ за агенцијата, тој побарал македонските граѓани да добијат вакцина против ковид-19 по нивни избор, исто како и граѓаните на БиХ.

Доколку предлогот се прифати, Македонците во Србија ќе може да примат некоја од четирите вакцини – на „Фајзер“, „Синофарм“, на „Астра зенека“ или вакцината „Спутник В“.

Граѓаните на Босна и Херцеговина од денеска можат бесплатно да се вакцинираат во Србија, а ќе добијат сертификати за вакцинација исто како и српските граѓани.

Досега околу 15.000 македонски државјани се вакцинирани во Србија.

Во знак на благодарност за претходните донации вакцини од Србија, македонските власти донесоа одлука да ги ослободат од патарина граѓаните на Србија кои од 15 јуну до 15 август ќе патуваат во Грција.

(С.Н.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk