Зголемени цените на угостителските услуги

06.01.2022 13:22 | Сузана Николиќ

Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2021 година, во споредба со ноември 2021 година, е зголемен за 0.5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. 

Зголемени цените на угостителските услуги

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.4 отсто, Алкохолни пијалаци за 0.6 отсто, Безалкохолни пијалаци за 0.6 отсто и Ноќевања за 0.6 отсто.

Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2021 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 1.7 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-декември 2021 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.6 %, додека во однос на декември 2020 година е зголемен за 0.5 отсто.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk