ИСТРАЖУВАЊЕ: Помогнете ни да истражиме дали има корупција во урбанизмот

07.06.2022 13:20 | KumanovoNews

Сведоци сме на секојдневно непочитување на законските прописи, на ГУП и ДУП, просторните планови, застарена или необезбедена планска документација, дивограби и натрупани проблеми, кои се причина за тргување со влијание и коруптивни дејствија.

ИСТРАЖУВАЊЕ: Помогнете ни да истражиме дали има корупција во урбанизмот Фото: commons.wikimedia.org

За да ја согледаме состојбата во урбанистичката сфера во Куманово и Крива Паланка, Кумановоњуз спроведува анкета преку која би сакале да го дознаеме вашето мислење, но и вашето искуство при остварувањето на правото за градба и домување.

Целта ни е да истражиме дали навистина има корупција во институциите и кој ја стимулира, или, пак, тоа е само погрешна перцепција на граѓаните, наспроти службите кои работат најпрофесионално и согласно законот. 

За да го споделите вашето искуство, пополнете го овој формулар (Податоците што ќе ги внесете се доверливи и безбедни и вашата анонимност ќе биде зачувана доколку така сакате)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk