Повик до граѓаните: Помогнете во истражувањето за положбата и правата на жените во Североисточниот регион

24.10.2022 14:35 | KumanovoNews

Ве повикуваме да се вклучите во нашето истражување за најголемите предизвици со кои се соочуваат жените.

Повик до граѓаните: Помогнете во истражувањето за положбата и правата на жените во Североисточниот регион Фото: piqsels.com

Дали се економски (не)зависни од мажите, ги имаат ли истите права да учествуваат во јавниот, политичкиот и економскиот сектор, има ли родова еднаквост и рамноправност? Се санкционира ли родовото насилство, мобингот на работното место, и кои се најгорливите поблеми со кои се соочуваат жените во Североисточниот регион? За сите важни прашања што ги засегаат жените, Ве замолуваме да одвоите неколку минути и да одговорите на прашалникот, со цел да ја зголемиме видливоста за женското учество и нивните права и предизвици.

Анкетата е анонимна и ништо нема да биде објавено без ваша согласност.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk