Повик до граѓаните: Споделете ги вашите проблеми за локалната инфраструктура

06.08.2021 12:22 | KumanovoNews

Основната локалната инфраструктура - пристап до пат, водоснабдување, електрификација, канализација и урбанизација, се елементарни услови за квалитетен живот на населението.

 

Повик до граѓаните: Споделете ги вашите проблеми за локалната инфраструктура

За, жал, и во 21-от век се уште има населени места кои се без соодветна инфраструктура, а жителите постојано посочуваат на проблемите со кои се соочуват.

Неизградени и неасфалтирани патишта, недостиг на вода за пиење, слаба струја, неизградени канализациски мрежи, пречистителни станици, дивоградби...се само дел од проблемите кои ги мачат жителите од општините во Североисточниот регион.

Помогнете да ги лоцираме најгорливите проблеми и најкритичните места, со цел да дадеме видливост на потребите на граѓаните и да го поттикнеме  нивното решавање.

Ве повикуваме да одговорите на прашалникот подолу

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk