Повик до средношколците од Североисточниот регион: Дa ја поттикнеме дигитализацијата на библиотеките

14.01.2021 08:00 | KumanovoNews

Доколку сте средношколец во некое од училиштата од Североисточниот регион, Ве повикуваме да земете учество во истражувањето за актуелизирање на прашањето за дигитализација на училишните и градските библиотеки и брз и лесен пристап до дигитални содржини.

Повик до средношколците од Североисточниот регион: Дa ја поттикнеме дигитализацијата на библиотеките

Целта е да се унапреди процесот на дигитализација на библиотекарските институции со примена и прилагодување на новите информациски потреби на учениците за подобар квалитет во образовниот процес, како и да се олесни пристапот на книгите до читателите.

Печатените книги сè повеќе им отстапуваат место на дигиталните изданија, кои се лесно достапни и прилагодени на новите потреби на корисниците, не зафаќаат простор и ја доближуваат читателската публика до книгата на едноставен и брз начин.

Во време на паднемија и изолација, особено на младите, кои применуваат далечинско учење, дигиталните книги им го прават читањето и знаењето лесно достапно, без временски ограничувања, штитејќи го здравјето на сите.

Тимот на КумановоЊуз има цел да го поттикне развојот на дигитализацијата во сферата на библиотекарството и да го актуелизира прашањето за дигитализацијата на училишните и градските библиотеки, како најкористени ресурси од страна на средношколците.

Ве повикуваме да одговорите на прашалникот за да ги согледаме потребите, можностите и придобивките од дигиталната ера во библиотекарството.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk